Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Велигденска честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до христијанските верски лидери

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се слави на ист ден од сите христијани ширум светот, упати честитка до поглаварите на христијанските Цркви во земјава: Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија; до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов од Католичката црква; како и до д-р Емил Заев, претседател на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква.

До Неговото Блаженство, г.г. Стефан,
Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима

Почитуван г.г. Стефан,

Реклама

Имам особена чест и задоволство Вам лично, како и на членовите на Светиот архијерејски синод, преподобното монаштво, свештенството и сите православни верници, да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден.

Нека празникот го поминете во добро здравје, исполнет со љубов, радост и среќа.

Христовото воскресение, како темел на христијанската вера, веќе два милениума е симбол на животот. Тоа ни ја зајакнува вербата и надежта, инспирирајќи нè да ја негуваме духовноста и да ја шириме љубовта.

За време на велигденскиот пост ја доживеавме една од најтрагичните случки во поновата историја на нашата татковина. Искрено се надевам дека овој Велигден ќе ни донесе утеха, надеж и сила – обединети, солидарни и посветени да ги надминеме сите искушенија.

Да покажеме дека и од најголемите неволји можеме да излеземе помудри, похумани и посилни. Да правиме добри дела и да бидеме поддршка за сите на кои им е потребна помош.

Христос воскресе!

До д-р Киро Стојанов
Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски на Католичката црква

Почитуван д-р Стојанов,

Од сѐ срце Ви го честитам празникот на Воскресението Христово – Велигден, на Вас лично и на сите верници од Католичката црква во Македонија. Ви посакувам мир, хармонија, среќа и духовен бериќет.

Искрено се надевам дека велигденските празници ќе донесат радост и ведрина во душата на секој верник, исполнети со љубов и оптимизам.

Велигден, како централен симбол на христијанската вера, ги зближува луѓето, ја зацврстува духовноста и ја поттикнува надежта. Фактот што оваа година сите христијани го слават Велигден на ист ден, нека биде поттик за уште поголема сплотеност и заедништво – и кај нас и во светот.

Со одговорност и посветеност, верувам дека ќе ги надминеме предизвиците и ќе придонесеме за поголем просперитет и благосостојба на нашите граѓани.

Христос воскресе!

До д-р Емил Заев
Претседател на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква

Почитуван г. Заев, Дозволете ми Вам лично, како и на верниците на Евангелско-методистичката црква, да Ви го честитам Велигден – најголемиот христијански празник.

Нека празничните денови ги поминете во љубов, хармонија, радост и среќа, опкружени со најмилите.

Велигден е можност за духовна обновa и за враќање кон човечноста. Тоа е време да бидеме хумани, да даруваме добрина и да го негуваме заедништвото.

Верувам дека, инспирирани од празничната порака, ќе најдеме сила и мотивација – сплотени да се соочиме со сите предизвици, да си бидеме поткрепа и да шириме надеж и позитивност.

Нека ни е честит Велигден!