Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата – истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија.

Како што соопштуваат од Народна банка, во обраќањето било истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино унапредување. Со тоа се обезбедува поголема флексибилност и поефикасно управување со ликвидноста во банкарскиот систем, како и побрза реакција во услови на промени на пазарите. Овие придобивки од новата оперативна рамка се особено значајни во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, поврзана со геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, изложувајќи ја македонската економија на надворешните шокови.

-Со пократка рочност на благајничките записи и воспоставување симетричен распон на каматните стапки, се овозможува попрецизно насочување на краткорочните каматни стапки и поефикасен пренос на монетарните сигнали – истакна Величковски.

Реклама

Во наредниот период, Народната банка ќе биде насочена кон натамошен развој на девизниот пазар, заради зголемување на транспарентноста, ликвидноста и довербата. Активностите се насочени кон подобра ценовна транспарентност и поголема активност на учесниците на пазарот, при што централната банка и натаму ќе се залага за одржување стабилен девизен курс.

Во делот на регулативата за финансиските инструменти и за финансиско обезбедување, биле истакнати новините со кои се овозможува воспоставување платформи за секундарно тргување со финансиските инструменти, што ќе придонесе за поголема транспарентност, подобра заштита на инвеститорите и зголемена ликвидност на пазарите, во согласност со европските практики.

Во платежната сфера, особено било нагласено значењето на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како важен чекор во интеграцијата со европскиот платежен простор. Со вклучувањето на сите банки во СЕПА, веќе се овозможуваат побрзи, поевтини и потранспарентни прекугранични плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Тековните активности на Народната банка се насочени кон воспоставување платен систем за инстант плаќања, којшто ќе овозможи трансакции во реално време, 24 часа на ден.

Вицегувернерот Величковски истакнал дека Народната банка и во иднина ќе биде посветена на развојот на финансиските пазари и платежната инфраструктура, заради создавање посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување што ќе го поддржи економскиот раст и интеграцијата со европските текови.