Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

„Вечниот бог“ одекна од илјадници детски грла на најголемите бадникови поворки досега

„Вечниот Бог“ одекна од илјадници детски грла во срцето на Скопје. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вечниот Бог“ одекна од илјадници детски грла во срцето на Скопје. Со божиќни ѕвездички во рацете и пеење на коледарската песна, најмладите ја најавија радосната вест Христовото раѓање. Бадниковата поворка, која секоја година традиционално се одржува во центарот на метрополата и оваа година Со божиќни ѕвездички во рацете, започна пред Градскиот музеј, продолжи по улица „Македонија“ и заврши на градскиот плоштад.

„Со насмевка на лицата, најмладите ги симболизираа анѓелите што ја носат радосната вест христовото раѓање“.

Со пеење на старата коледарска песна, децата беа дарувани со подароци. Во новата 2026 година си посакаа пред сè здравје, среќа и љубов.За нив ваквата поворка значи и повеќе од дружба.

Реклама

И постарите не останаа неми, заедно со најмладите ја пееја коледарската песна. За нив, најважно е оваа традиција да продолжи да се негува и старите обичаи да се пренесуваат на идните генерации.

За организаторите на бадниковата поворка ниту врнежливото време не беше пречка и не ја запре желбата кај најмладите и нивните родители за зачувување на верата и традицијата.

„Ги донесовме децата искуствено да го живеат она што им е свето. Неизмерна благодарност до сите родители и семејства, затоа што докажавме дека наместо да ги критикуваме денешните деца денес им овозможивме да живеат Бадник на вистински православен христијански начин“, изјави Марија Саздева – координатор од здружението бадникови поворки.

Поворката заврши со детски претстави и голем музичко сценски настап, во кој учествуваа повеќе од 40 музичари, пејачи и актери. Бадникови поворки денеска се одржаа во повеќе од 80 градови, како во земјава, така и во дијаспоратa.

Плоштадот „Македонија“ и годинава беше исполнет со детска радост и празнична топлина, пред божиќната пештера, семејствата застануваа заедно, создавајќи спомени што ќе останат како тивка, но силна потврда дека традицијата продолжува да живее.