Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Вчера напишани 1039 казни: 76 возачи немале дозвола, санкционирани 186 пешаци

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ кој што, согласно веќе подготвената динамика ќе се реализира до крајот на учебната година за учениците од прво до четврто одделение во низа основни училишта на територијата на државата.

Се планира во наредниве месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во соработка со РСБСП да посетат преку педесетина основни училишта во државава пришто преку практични предавања децата ќе ги учат основните сообраќајни правила и прописи, а дополнително во контекст на кампањата веќе се подготвени и испечатени околу 7.000 сообраќајни буквари и боенки за децата.

Всушност потребата за рана едукација ја поткрепуваат и полициските статистички податоци.

Реклама

„Имено, вчера во полициските сообраќајни контроли низ патиштата во земјава беа евидентирани дури 186 сообраќајни прекршоци од страна на пешаци, што во извесна мера секако говори за нивото на сообраќајна култура и одговорност. Секако, и натаму предничнат прекршочните пријави по основ на непочитување на брзина на движење – 224, и непрописно паркирање – 285, додека пак по основ на неносење сигурносен појас регистирани биле – 43 прекршоци, а за говорење на мобилен телфон при движење (возење) – 40 прекршоци“, информира МВР.

Во рамки на вчерашните вкупно издадени 1039 платни нализи, евидентирани се и 76 случаи на управување на возило без возачка дозвола. Во осум случаи возачи минале на црвено светло. а во четири случаи од сообраќај се исклучени алкохолизирани возачи. Исто така согласно Законот за возила евидентирани се 20 возила кои што биле нерегистирани.