Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Трагично-морничава слика на имотот од прилепското семејство Богески. Пеплосани преку пет тони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагично-морничава слика на имотот од прилепското семејство Богески. Пеплосани преку пет тони сув квалитетен тутун, изгорен објект каде бил чуван тутунот, скелињата каде се сушел, но и неповратно уништени големи количини репро-материјали, најлони, како и 2 декари со лешници. Ова е катастрофалниот биланс од вчерашниот пожар кој околу 11.30 часот го зафатил земјоделскиот имот на петчленото семејство Богески, кое штотуку си заминало од имотот. Сè уште видно вознемирен и во шок, главата на семејството Горан, со солзи во очите, ни раскажа дека она што со мака го печалеле со години, за само половина час станало пепел. Штетата ја проценува на над 80.000 евра.

„Ова јас го печалев во последните 10 години. Ова преку ноќ не ми е дојдено мене. Внатре, досега имам набрано 7.000 низи, е ова што е останатото нека се одбие и нека се пресмета колку е штетата. Значи, од 7.000 низи, 1.000 нека има овде, тоа се 6.000 низи, 1.200 балиња. По 4-5 кг беше балето квалитетен тутун. Изгорени се 2 декари лешници комплет, скелината се стопени“, – вели Горан Богески.

Заради зголемениот број пожари и значително ограничените ресурси, од ТППЕ пристигнало само едно помало возило, па во гаснењето се вклучило и целото семејство, во кое има и три деца. Горан, без да обвинува некого, убеден е дека ако имало повеќе противпожарни возила и пожарникари, штетата сигурно ќе била многу помала.

Реклама

„Значи, ако имаше барем едно големо возило, барем објектот ќе се спасеше… Јас изгорев што изгорев, нека се вложи во противпожарни возила, 21 век сме, ваква хаварија да ни се направи, не сме ниту во Африка, ниту којзнае каде“, – објаснува Богески.

Први на помош на овие големи земјоделци, кои секоја година обработуваат и до 80 декари со тутун и други култури, им притекнаа од Сојузот на тутунски здруженија, ветувајќи им финансиска помош.

„Навистина огромна е штетата што е направена од пожарот. Ние како Сојуз сегде сме помогнале, ќе помогнеме и овде, неспорно е тоа. Меѓутоа, во оваа прилика би апелирал до сите тутунопроизводители, особено до откупувачите, да помогнат заради тоа што овој кооперант има договори во речиси сите откупни компании“, – кажа Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Инаку, во меѓувреме, ова семејство ги чека и ланските субвенции во вредност од околу 20.000 евра кои, заради дополнителни проверки, сè уште не им биле исплатени. Па, молат и овие пари да им бидат исплатени што поскоро.