Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска во државата

Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. 

– Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, настапи смртен исход – соопшти тој во изјава за медиумите. 

Притоа појасни дека пациентот уште при прием бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија. И покрај преземените мерки за интензивно лекување и континуирано следење, неговата здравствена состојба прогресивно се влошувала. 

Реклама

– Во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус. Пет од нив се суспектни и тие се во тек на дијагностичка постапка. Кај седум од хоспитализираните пациенти е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Пет од нив се на механичка вентилација, другите пациенти кои се хоспитализирани се во Одделот за невроинфекции и веќе се во стабилна состојба. Се преземаат сите неопходни мерки за нивно лекување – истакна Цана.

Директорот нагласи дека состојбата на сите хоспитализирани пациенти се следи континуирано. За секоја позначајна промена, рече, особено во однос на пациентите со потешка клиничка слика, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент. Лицето за кој денеска информираше директорот Цана, претходно бил хоспитализиран од прием со тешка форма на воспаление на мозок и мозочни обвивки. 

Од почеток, значи од прием, пациентот бил во тешка општа состојба со изразена невролошка симптоматологија. И покрај сите преземени интензивни мерки и континуирано следење, неговата здравствена состојба се влошувала, по што имала трагичен исход. 

– Сите пациенти се повозрасни и со коморбидитети. Исто така и денешниот пациент кај кого настапи смртен исход е 72-годишен пациент со придружни заболувања – подвлече Цана во изјавата за медиуми.