Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Авиосообраќајот во Македонија руши рекорди. Аеродромите во Скопје и Охрид се најбрзорастечки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авиосообраќајот во Македонија руши рекорди. Аеродромите во Скопје и Охрид се најбрзорастечки во својата категорија, со над 2 милиони патници во првите шест месеци годинава и 28 нови дестинации. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вели дека во текот на целата 2025-та бројот на патници бил 3 милиони, а проекциите се дека до крајот на оваа година бројката може да биде за еден милион повисока. Во првата половина од годинава има прелет на 173 илјади летала над македонскиот воздушен простор, што е за 12,2 проценти повеќе од 2025-та, за 23 повеќе од 2024-та и за 27 проценти повеќе од пред три години. Апослутни рекорди се бележат во текот на месец јули кога имало 42.000 илјади прелета.

-Оваа година двата Аеродроми заедно имаат раст од 32 проценти. Ако зборуваме во апсолутни бројки, ако минатата година достигнавме бројка која изгледаше недостижна, а тоа е 3 милиони патници на двата Аеродроми, ние очекувавме дека оваа година ќе се движиме некаде околу 3 и пол милиони, веќе на пола година сме на два милиони, што значи дека со малку среќа до крајот на годината можеме да стигнеме до четири милиони патници. Ако тоа не се случи во 2026-та, тогаш сигурно во 2027-ма ќе стигнеме до четири милиони патници, изјави Николоски.

Ваквите позитивни бројки во авиосообраќајот со себе носат и неопходна модернизација на контролата за безбедност, поради што целосно пуштен во употреба е новиот АТМ систем на М-НАВ, што е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во справувањето со предизвиците во воздушниот сообраќај.

Реклама

-Со новиот АТМ систем пред се ја стабилизираме М-НАВ, како давател на услуги во воздухопловната навигација и обезбедуваме повисоко ниво на сигурност, континуитет во давањето на услугите. А ова е особено важно во период кога воздушниот сообраќај во македонскиот воздушен простор бележи енормен пораст, изјави претседателот на УО и извршен дирекотр на Сектор за воздухопловна навигација, Владимир Ристески.

Николоски потесети дека овој систем е поврзан со скандали кои ги остави Владата на СДСМ и ДУИ, но со новото раководство М-НАВ, со добра координација, системот после долги години конечно е инсталиран и ставен во функција.

-Ова е систем кој што има своја долга историја, се сеќавате на големите скандали од претходната Валда на СДСМ и ДУИ. Набавката е започната уште во 2014 година, а договорот е склучен во 2018 година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018 до 2024 година нема никакви активности, со тоа се соочуваа и истражните органи во изминатиот период. Со изборот на новото раководство на М-НАВ почна интензивна работа, со што еве денес сведочиме на ставање во целосна функција на ATM системот, изјави Николоски.

Во текот на септември или октомври ќе биде целосно ставен во функција и новиот радар, со што македонскоот небо ќе има највисок систем на контрола и безбедност. Тој веќе е во контролната кула и во моментов се вршат потребните тестирања. Со воведувањето на овие два системи целосно ќе биде покриено македонското небо, на највисоко ниво што во моментов во светот може да се најде. 

Матеја Петровски