Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Свет

Ватикан: Папата повеќе не е во животна опасност

Лекарите денеска соопштија дека папата Франциско повеќе не е во непосредна опасност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарите денеска соопштија дека папата Франциско повеќе не е во непосредна опасност од воспаление на белите дробови, поради што е во болница речиси еден месец, но дека ќе остане во болница уште неколку дена за да ја прими терапијата.

Како што пренесува АП, лекарите додале дека состојбата на 88-годишниот папа е стабилна и дека во последните денови има консолидирано подобрување, што го потврдија тестовите на крвта и позитивната реакција на лекувањето.

Ватикан соопшти дека лекарите ја промениле својата претходна претпазлива прогноза, што значи дека неговиот живот повеќе не е во непосредна опасност по првичната респираторна инфекција со која беше примен во болница на 14 февруари.

Реклама

Со оглед на сложената клиничка слика, сепак, ќе биде неопходно да се продолжи со медикаментозната терапија во болница уште неколку дена, се додава во соопштението на Ватикан.

Папата денеска преку видео конференција го проследи духовниот собир во Ватикан, кој се одржува секоја година пред Велигден и трае една недела, што е уште еден знак за неговото подобрено здравје.

Поглаварот на Римокатоличката црква, исто така, денеска продолжи да прима физикална и респираторна терапија во римската болница Ѓемели, додека се одмара и се моли.