Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Василевска: Со засилена активност и сплотеност кон реафирмирање на толеранцијата и мирот

Пратеничката Иванка Василевска учествуваше на 13. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Иванка Василевска учествуваше на 13. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржа во Нџамена, каде домаќин беше Националното собрание на Чад.

Како што информира собраниската прес-служба, настанот ги собра парламентарните лидери, пратеници и делегати од целиот свет за да разменат идеи, да го промовираат практикувањето на мирот и да ја потврдат заедничката посветеност на овие универзални вредности.

Василевска изрази чест и задоволство што е дел од настанот, и истакна дека живееме во времиња на промени кога повторно се реактуелизираат старите парадигми за значењето на мирот кој е под закана на агресиите на тероризмот и глобалните предизвици за справување со истите.

Реклама

Таа се осврна и на прашањето за миграциите, светската сиромаштија и заштитата на животната средина. Притоа, истакна дека е неопходна проактивна и засилена активност и сплотеност за превенција од модерните закани и реафирмирање на толеранцијата и мирот.

Меѓународниот парламент за толеранција и мир претставува парламентарен орган на Глобалниот совет за толеранција и мир, составен од членови на парламенти од над 100 национални и регионални парламенти ширум светот. Овој Парламент е витална платформа за унапредување на принципите на мир, толеранција и дијалог меѓу парламентите и народите ширум светот.