Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Василевска: Како држава целосно сме посветени на спроведувањето на Реформската агенда и на Планот за раст на Европската Унија

Како копретседавачи со Мешовитиот парламентарен комитет (МПК), европратеникот Карло Реслер и јас,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како копретседавачи со Мешовитиот парламентарен комитет (МПК), европратеникот Карло Реслер и јас, со своите воведни излагања ја отворивме првата работна сесија на 24 состанок на МПК, што на 26 и 27 ноември 2025 година се одржува во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, се наведува во денешните соопштенија на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ – објави на Иванка Василевска.

На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи и надворешна трговија, проф. д-р Тимчо Муцунски и за европски прашања, г-динот Орхан Муртезани.

Во моето воведно обраќање истакнав дека како држава целосно сме посветени на спроведувањето на Реформската агенда и на Планот за раст на Европската Унија. Во таа насока, најновиот Извештај за проширување на Европската комисија дава позитивен осврт на нашата ангажираност и на конкретните резултати постигнати во рамките на Планот за раст на Западен Балкан.

Реклама

„Благодарение на позитивните оценки, ние бевме првата земја од Западен Балкан што доби претфинансирање во рамките на Програмата за реформи и раст на ЕУ, во износ од 52,4 милиони евра оваа пролет, а до ноември 2025 година, исто така обезбедивме две дополнителни исплати базирани на перформансите. Започнавме со работа на сите четири столба на Планот – поблизок пристап до единствениот пазар на ЕУ, посилна регионална интеграција, клучни реформи и зголемена финансиска поддршка. Истовремено, усвоивме Агенда за реформи, фокусирана на подобрување на управувањето и јавната администрација, унапредување на зелените и дигиталните транзиции, зајакнување на човечкиот капитал, подобрување на деловното опкружување и почитување на основните права и владеењето на правото“.

Нагласив дека Собранието во изминатиот период усвои клучни реформски закони, вклучувајќи го Законот за систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор, со кои се подобрува начинот на избор на државни службеници и управувањето со човечки ресурси.

Во рамките на вториот ден од дискусијата на 24. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет, дискутиравме на темите:

– Перспективата на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната стабилност и регионалната соработка;

– Прашања поврзани со животната средина;

– Транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност и

– Вештачка интелегенција и дигитализација.

На крај од дискусиите заедно со колегите од Европскиот парламент усвоивме заеднички Препораки кои ги опфаќаат аспектите на меѓусебните односи, а ќе бидат упатени до институциите на Европската унија и нашите институции.