Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Варира нивото на Охридското Езеро

Според последните мерења на ЕСМ, нивото на Охридското Eзеро  денес изнесува  693.33 метри надморска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според последните мерења на ЕСМ, нивото на Охридското Eзеро  денес изнесува  693.33 метри надморска височина што е на 23 сантиметри до минимално дозволената кота и е под посекот за овој период од годината. Долготрајните сушни периоди, потоа топлите зими придонесуваат и за поголемо испарување на езерото, што е уште една причина за губењето на вода од нашето езеро.

“Ситуацијата со Охридското езеро се повторува веќе неколку години во истиов период тоа е под просекот на нивото за овој период на годинава за разлика од пероди од пред неколку децении.Тоа се должи пред се на намалената количина на врнежи пример во јануари и фебруари наврнале само 28 милимети дожд што е многу мала количина за зимски перид ”-вели Ѓоко Зороски,инженер по животна средина

Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа. 

Реклама

“Крајно време е да почнеме да ги градиме тие акумулациски хидроцентрали дали ќе бидат тие под Црна река т.н проект Чебрен со 4 или 5 каскадни централи,но исто и вардарска долина стои како иден елемент за решавање каде што со изградба на брани водата што тече се користи како проточна и произведува електрична енергија.За сето тоа треба ниет и нормално треба пари” -вели проф. Константин Димитров

Големи површини од езерското дно остануваа суви, предизвикувајќи изумирање на многу ендемични растителни и животински видови.

Изјава Орхидеја Тасеска-дир на Хидробиолошки Институт: Сите тие индуцирани осцилации на нивото на водата од Охридското езеро потпомогнати со ред други причини како што е забрзана еутофикација, деградација на живеалишта, узурпација некотролирана на брегот на езерото, предизвикува нереверзибилни последици врз живиот свет во истото.

Водиме сметка за минималната кота која изнесува 693.10 м.н.в и нема да дозволиме таа да се надмине. Токму поради сушниот период, подолго време, испустот на вода од Охридско Езеро на вливот на реката Црн Дрим е на ниско ниво. Во моментов, од испустот истекуваат само 5 кубни метри во секунда, што е количина исклучиво за обезбедување на потребниот биолошки минимум“, велат од ЕСМ.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски