Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Ваљбон Лимани ќе биде кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори

Актуелниот вршител на должноста градоначалник на Општина Гостивар и кандидат на последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелниот вршител на должноста градоначалник на Општина Гостивар и кандидат на последните локални избори, Ваљбон Лимани повторно ќе се кандидира. Ова го потврди Лимани на настан во Гостивар одговарајќи на новинарско прашање по распишувањето на повторените локални избори во четирите општини.

– Ние побаравме повторените избори за општините каде што немаше цензус да се одржат во декември и како краен датум да биде 28 декември. Но, во Државната изборна комисија го сметаат датумот кога завршува целиот изборен процес и согласно на тоа го одреди 11 јануари. Нема друго, роковите од денес почнаа да течат, а ние почнуваме со подготовки. Граѓаните на тој ќе го кажат својот збор. Јас повторно ќе бидам кандидат, рече Лимани.

Тој посочи дека од изборниот штаб имале забелешка на толкувањето околу терминот и нагласи дека очекувале терминот да биде според објавувањето на конечните резултати во четирите општини каде што немаше доволна излезност, односно 29 октомври.

Реклама

Лимани беше кандидат на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) и освои 61,39 отсто, односно 16.949 гласови и не победи во првиот круг, бидејќи му недостигаа 22 гласа за да се исполни цензусот.