Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

В среда „Априлијада“ во ГТЦ Скопје

Во Градски трговски центар А.Д. Скопје в среда на 1 април ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Градски трговски центар А.Д. Скопје в среда на 1 април ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Априлијада“ во организција на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ под покровителство на Град Скопје.

Во рамки на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинки, ученици од основни училишта со танцови точки кои ќе ја збогатат атмосферата со динамични и ритмички кореографии. Програмата продолжува со настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош пропратена од солисти – деца изведувачи на песните од ЗОО Азбука, балетското студио Бреак А Лег и Марбал и Златните славејчиња. Театар за тебе ќе има своја уникатна изведба.

-Посебна атракција за посетителите ќе бидат настапите на кловнови, маскоти од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор ќе создадат вистинска карневалска атмосфера и ќе ја раздвижат публиката. За крај на програмата публиката ќе има можност да ужива во уникатната изведба на сегменти од познатиот детски мјузикл „Аладин и волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото за деца и младинци Бродвеј јуниор, информираат од ЈУ Детски културен центар „Карпош“

Реклама

Настанот, како што велат, е наменет за деца, родители и поширока јавност, а има за цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на сплотеност преку музика, танц, театар и хумор.