Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Утврдена предлог-одлуката за избор на нов состав на ДИК, Бојан Маричиќ предложен за претседател

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

-Во согласност со член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог-листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК – рече претседателот на Комисијата за за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи тројцата членови – Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово.

Реклама

СДСМ за претседател на ДИК го предложи Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, а за член Борис Кондарко, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје.

ДУИ за член на ДИК ја предложи Дитмире Шеху, дипломиран правник од Гостивар.

Движењето Беса, која е дел од коалицијата „Вреди“, за потпретседател на ДИК го предложи Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки финансии од село Непроштено – Теарце.

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати. Други пријавени кандидати за новиот состав беа Викторија Аврамовска-Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле – Гостивар, Марија Митановска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје, Елита Шуки, дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје, Добре Јанчев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Бети Ѓорѓиеска, дипломиран инженер по електротехника од Скопје, Ивана Костадиноска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Благоја Гешоски, дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп.

Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.