Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Утврден правецот за развој на државата во следните 20 години – подобар живот за граѓаните во фокусот на Стратегијата за развој 2024–2044

Македонија полека, но сигурно го трасира патот кон модерна, стабилна и европска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија полека, но сигурно го трасира патот кон модерна, стабилна и европска држава. Почитувајќи ги и имплементирајќи ги целите на Националната развојна стратегија 2024–2044, за неполни две години од седнувањето на Илинденска, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски влезе во цврста и одлучна битка против криминалот и корупцијата, при што постепено се враќа довербата на граѓаните во институциите. За Мицкоски, вложувањето и во човечкиот капитал и обезбедувањето енергетска независност се меѓу клучните приоритети содржани во овој национален документ.

Почитувајќи ги принципите на транспарентност, отчетност и партнерство, беше донесена Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година, со што беа поставени темелите на долгорочниот развоен правец – документ кој првпат на еден системски и сеопфатен начин ја дефинира визијата каде сакаме да бидеме како држава во следните две децении, Во изминатиот период, по донесувањето на овој стратешки документ, како и во времето од одржувањето на Третата седница на Националниот совет за развој, беа реализирани повеќе значајни активности поврзани со нејзината имплементација“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

Во својство на претседател на Националниот совет за развој, Мицкоски денеска ја отвори четвртата седница на Советот и потенцираше дека Стратегијата ќе остане и во иднина највисок обединувачки документ што ќе го трасира патот на Македонија кон сериозни промени и суштински реформи, кои треба да резултираат со подобар квалитет на живот и повисок животен стандард. За него донесувањето на документот е резултат на широк општествен консензус и претставува силна порака во јавноста за подигање на политичка зрелост и координација меѓу извршната и законодавната власт.

Реклама

Ова претставува силна порака за политичка зрелост и одговорност, но и дополнителен механизам за обезбедување координација меѓу законодавната и извршната власт, како и другите релевантни чинители, со цел промоција на долгорочно стратешко размислување, инклузивни политики, транспарентност и отчетност. Токму ваквиот пристап – отворен, инклузивен и заснован на дијалог – постепено придонесува кон создавање стабилна стратешка рамка со јасна визија за развој. Визија што подразбира конкурентна и стабилна економија, одржлив раст, општествена кохезија и сигурност, демографска ревитализација, успешна зелена транзиција, како и системско зајакнување на човечкиот капитал и иновативните капацитети, со посебен акцент на дигиталната трансформација претставува силна порака за политичка зрелост и одговорност“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија.

Во изработката на националната учествуваа голем број пратеници, претставници од министерствата, граѓанските организации и бизнис секторот.