Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Утре вонредна владина седница: Ќе се намалат акцизите, за бензинот четири денари, за дизелот два денари

Акцизата за дизелот ќе се намали за четири денари, а за бензините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Акцизата за дизелот ќе се намали за четири денари, а за бензините за два денари по литар. Владата на вонредна седница утре ќе донесе одлука за да не дојде до драстично зголемување на цените на горивата, по случувањата на светските берзи. Ќе се разговара и со ОКТА за продолжување попустот, која ако се согласи и во наредните две недели да продава нафта за три денари поевтино, тогаш во понеделник нема да има зголемување на цената на дизелот.

-Ќе ги обновиме разговорите и со нив, дали ќе продолжат и понатаму. А попустот беше три денари за дизел, доколку тоа го продолжат и понатаму, тоа ќе подразбира дека нема да има зголемување за дизелот, од онаа максимална цена која што ја утврдува Регулаторната комисија. А за бензините исто така два денари, тоа значи дека некаде околу половина денар ќе поевтинат, и доколку ОКТА ги продлжи оние два и пол денари за литар бензин, тоа значи дека повторно ќе имаме два и пол денари поевтин бензин, изјави Мицкоски.

Во наредните две недели ќе се продолжи и мерката за намален данок за горивата. Премиерот Мицкоски потенцира дека ситуација во Македонија е стабилна и . нафтени деривати има доволно. Во цевководот од Грција има гориво за 60 дена и за дополнителни 60-ина има во резрвите.

Реклама

Спроед него мерките кои ги презема Владата придонесуваат да имаме најефтини деривати во Европа, односно цената на бензините да се движи меѓу евро и 30 и евро и 50, а на дизелот околу евро и половина, за разлика од одредени земји од Европската Унија каде цената  веќе отиде и до 3 евра за литар. Владата ќе стори се да нема драстично поскапување ниту во маркетите. Се размилува и за целосно укинување на данокот на основните прехрамбени производи.

-Анализираме, Министерството за финансии анализира, сите оние основни прехрамбени производи, кои што се со пет проценти, да ги намалиме на нула проценти, да се практично без ДДВ, Министерството за финансии, тоа го анализира. Но, тоа е премалку споредено со овие мерки кои што се похолистички пристап, споредено со ова што вие го кажувате, така што и тоа ќе го имаме во предвид. Нашите прогнози, очекувања и информации кои што имаме се дека ќе има продолжено дејство целата оваа криза. 05:11

Мерките на Владата се очекува да влијаат и на контролирана инфлација, односно да не се дозволи повторување на 2022-ра кога во месеците март и април таа беше над 10 проценти. Прогнозите се дека за минатиот месец таа ќе се движи меѓу четири и пет проценти.

Матеја Петровски