Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Утре почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Утре почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.

Како што информира ДИК, Подрачно одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште, а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.

Постапката на собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.

Реклама

Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.