Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Уставните судови на Македонија и Република Косово потпишаа Меморандум за разбирање и соработка

Уставниот суд на Македонија и Уставниот суд на Република Косово потпишаа меморандум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на Македонија и Уставниот суд на Република Косово потпишаа меморандум за разбирање и заемна соработка во области од заеднички интерес, со кој, како што информираат од Уставен, се поставуваат основите за продлабочување и институционализирање на соработката меѓу уставните судови на двете земји.

Меморандумот го потпишаа претседателите на двата суда, Дарко Костадиновски и Неџми Реџепи и претставува резултат на досегашната успешна и конструктивна комуникација, а неговата цел е да овозможи континуиран развој на односите, унапредување на професионалните капацитети и подобрување на квалитетот на судската пракса и донесените одлуки.

-Во рамките на соработката се предвидува организирање на заеднички научни конференции, семинари и стручни обуки, како и размена на искуства, судска пракса, истражувачки резултати и релевантна литература. Со тоа се создава платформа за поголема меѓусебна поддршка и размена на добри практики во областа на уставното судство, се вели во соопштението од Уставен. 

Реклама

 Потпишаниот Меморандум за разбирање стапува во сила веднаш и ќе има важност од пет години, со можност за продолжување по истекот на тој период.