Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Уставниот суд не донесе одлука за линеарното покачување на пензиите, но ќе поведе постапка за платите на судиите и обвинителите

Пензионерите засега ќе може да здивнат. Предлогот на уставната судијка Добрила Кацарска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите засега ќе може да здивнат. Предлогот на уставната судијка Добрила Кацарска да се укине линеарното покачување кое го добија со одлука на Влада, не го доби потребното мнозинство гласови кај Уставните судии. Гласањето помина нерешено со четири гласови за двете страни. Сепак, уставен не се откажува – ќе чека комплетирање на составот па повторно ќе одлучува.

Таа одлука ќе се чека со доаѓањето на нови судии. Знаете дека Уставниот суд работи со еден судија помалку, од први јануари ќе работиме и со двајца судии помалку, се надеваме дека и судскиот совет и Собранието ќе си ја завршат навремено својата работа“, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Од друга страна уставните судии не сакаат да се откажат од нивните желби за покачување на платите. Ставот на мнозинството на последната седница беше дека намалувањето на коефициентите што го направи Собранието во февруари минатата година, било мешање во нивната независност. Тие се уште остануваат тврди на нивните барања да се врати повисокиот коефициент за пресметка на платите, со што би добиле дополнителни 250 евра месечно.

Реклама

При една ваква состојба на работите, дека законодавецот не се потприра на важни причини, на важни околности или како што вели законот на важни случаеви предвидени со закон ние констатиравме дека ваквиот закон со вакви одредби со кои се намалува коефицинентите се врши директен упад на финансиската независност на јавното обвинителство“, изјави Уставниот судија Осман Кадриу.

Инаку се уште се чувствуваат последиците во правниот систем од контроверзните измени на Кривичниот законик, кои пред две години ги донесоа СДСМ и ДУИ. Намалувањето на казните за висока корупција, донесено без јавна и експертска расправа и под европско знаме, наиде на сериозни критики и дома и во Европската Унија. Уставен ја одложи расправата за ова прашање, ќе чека Собранието да ги донесе новите предлог – измени.