Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставноста и законитоста

Уставниот суд денеска ќе ја одржи првата седница оваа година со дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ќе ја одржи првата седница оваа година со дневен ред, на кој се закажани девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, едно барање за заштита на слободата и правата и три предлози за одлучување со нацрт-одлука.

На дневен ред на денешната седница е иницијативата со која е оспорени член 2 ставовите 1 и 4 и член 73 од Законот за Народната банка на Македонија. Подносителот на иницијативата Славко Лазовски смета дека Народната банка е привилигирана во однос на даночните ослободувања и олеснувања, кои, според него, немаат смисла и оправданост и тоа е спротивно на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, член 33 и член 51 од Уставот на Македонија.

Пред судиите ќе се најде и иницијативата во која е оспорен член 60 став 3 алинеја 2 од Законот за управните спорови. Подносителот на иницијативата Александар Наумовски смета дека оспорената одредба предизвикува дилеми, непрецизна е и нејасно е имплементирањето во праксата. Во иницијативата се наведува дека не е во согласност со владеењето на правото, со одредби од членот 50 и Амандманот XXI на Уставот.

Реклама

На денешната седница, меѓу другите точки, се и иницијативите за оспорување членови од Законот за извршувањето, Колективниот договор за здравствената дејност, правилници за распределба на авторски надоместоци, геодетски работи за посебни намени, како и локални акти од општините Гостивар, Тетово и Карпош.