Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Уште повеќе расте опозицискиот рејтинг: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ, Меџити, Касами и Гаши му дишат во врат на Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ, албанската опозиција му дише во грб…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ, албанската опозиција му дише во грб на ДУИ, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања спроведена за потребите на Македонската радио телевизија.

На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, 19,4 проценти од гласачите во Изборната едница 2 кажале дека ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ само 10 проценти. Според истражувањето трета политичка сила во оваа изборна единица е ДУИ со 6,5 проценти, додека Европскиот сојуз за промени на Касами, Меџити и Гаши има 5,4 отсто.

Потоа следува ЗНАМ на Максим Димитриевски со 4,5 проценти поддршка, па Левица со 3,9 , додека Алијанса за Албанците има близу два проценти.

Реклама

Во Изборната единица 6, најголема поддршка има партијата на Ахмети со 17,9 отсто, тука веднаш зад нив е Европскиот сојуз за промени со 16 проценти, ВМРО-ДПМНЕ има 8,1, Алијанса 7, а петта политичка сила во шестка е СДСМ со 4,4 проценти. Левица има 0.6, додека пак ЗНАМ 0.5 проценти

На прашањето кој според вас ќе победи на парламентарните избори, во двојка 28 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека три пати помалку само 10,3 сметаат дека тоа ќе биде СДСМ. 8,9 се на ставот дека победник ќе биде ДУИ, 4,6 коалицијата на Касами, Меџити и Гаши, 4 проценти партијата на Максим Димитриевски.  Дека ќе победи Левица сметаат 3,44 проценти, за Алијанса само 2,8 проценти

Во изборната едница шест, каде што најголемиот број од гласачите се етнички Албанци 18,2 проценти сметаат победник ќе биде ДУИ, веднаш зад нив со 16,8 проценти е Европскиот сојуз за промени, додека 6,2 проценти сметаат дека тоа ќе биде Алијанса.

Од македонскиот политички блок најмногу веруваат во победа на ВМРО-ДПМНЕ, односно 10,6 проценти, што е четири пати повеќе од СДСМ, во чија победа веруваат само 2,6 проценти. Еден процент сметаат дека победници може да бидат Левица или ЗНАМ.

Анкетата е спроведена телефонски во изборната единица 2 на 1002 испитаници, додека во изборната единица 6 анкетата е спроведена на 1001 граѓанин со маркирана грешка од плус минус 3 проценти.

Инаку, на анкетата исто така спроведена од МРТ пред една во изборните единици еден и шест исто така ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ. Во кец 20,6 проценти кажале дека ќе гласаат за најголемата опозициска партија, додека за партијата на Ковачевски се изјасниле 10,4

Во петка пак, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 19,8 проценти од гласачите, додека СДСМ 13,8.

Се уште не се објавени бројките во тројка и четворка, каде граѓаните главно поддршка ја даваат за партијата на Христијан Мицкоски.

Матеја Петровски