Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Уште не се знае кога ќе старува учебната година

Познати протоколите и начините како ќе се одвива наставата на учениците, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познати протоколите и начините како ќе се одвива наставата на учениците, но не и датумот кога ќе започне учебната година.  Дузина разговори, седници, препораки, а на 14 дена пред 1 септември, институциите се уште не знаат кој ден ќе биде назначен за официјален старт на наставата.

Министерот Адеми вели за да се знае кога ќе стартува наставната програма требало да се направат законски измени, а за тоа било потребно функционално Собрание. Начелно кажаа дека часовите би биле скратени по 10 минути.

Се зависи од функционалноста на Собранието, но зависи и од епидемиолошката состојба, но пред се во вакви околности зависи од функционално Собрание. Сме укажале и укажуваме дека може да дојде до одлагање на почетокот на новата учебна година, изјави Адеми.

Реклама

Филипче и Адеми кажаа дека наставата ќе се одвива преку онлајн учење со  два исклучоци, односно децата од прво до трето одделение ќе присуствуваат на физичка настава, а останатите преку видео лекции и врски, има можност  доколку родителите  оние деца од 1 до 3то одделение заради оправдани причини побараат нивните деца да учат од дома онлајн. Вториот исклучок е физичка настава во средините каде има помал број на ученици.

Одлучено е по препораките на Комисијата за заразни болести, ставот е дека новата учебна година е дека треба да се започне онлајн, но со 2 исклучока, учениците од прво до трето да учат во училиште, но само со согласност од родителите и да се почитуваат протоколите, и вториот е дека по барање на општините онаму каде има мал број на паралелки во согласност со епидемиолошката состојба, да се добие согласност за физичко присуство, а и тука е неопходна согласност од родителот”, посочи Адеми.

Физичката настава ќе биде оддржувана во училници, каде ќе мора да се држи растојание до 1,5 метар, носење на маски, а максимум деца кои можат да присуствуваат е 20.

Доколку некое дете има симптоми на ковид 19, Филипче рече дека нема да се затвори целосно улилиштето каде учело детето, туку преку акнета со епидемиолози ќе се одреди како ќе се постапува.

Се уште не е познат ни кога ќе започнат со работа градниките, за тоа најверојатно ќе се знаело во четврток.

Мери Ѓорѓиевска