Реклама

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Македонија

Уште колку Акиовци кои тепаат по партиска наредба се под покровителство на Филипче?

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и понатаму собира политички поени и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и понатаму собира политички поени и неговото молчење е се погласно, што веќе сигнализра одобрување. Очигледно е дека во мрежата на СДСМ, чуварот на фотелјата, Филипче го премолчува, толерира, па дури и го наградува насилството.

Акиов беше клиентелист на Заев и дали поради тоа се чувствува сигурно и не презема одговорност?

Реклама

Акиов за сите нормални луѓе е насилник, меѓутоа за Филипче тој е човек од доверба, и човек кој тепа во име на политички интерес, а притоа не се срами бидејќи знае дека неговиот ментор молчи, и затоа ни Филипче бара оставка, ни Акиов поднесува.

Дали советниците на Филипче добиваат инструкции за тепање, и дали во СДСМ има место само за лојални, па дури по цена и ако се насилници?

Филипче се обидува да воспостави контрола на локален терен, и тоа избира да го прави преку насилство.

Уште колку вакви насилници, уште колку Акиовци се кријат низ советите и општините, уште колку тепачи има во мрежата на Заев и Филипче?

Дали СДСМ ги резервира советничките места за послушници кои се подготвени на се, па дури и на физичка пресметка?

Аки Акиов, член на Советот во општина Кочани од редовите на СДСМ, е разоткриен.

Време е граѓаните да знаат уште колку вакви тепачи има, и кои од нив се спремни да тепаат по партиска наредба.

Дали истите се шетаат по општините со чувство дека се над законот?

Никој не е над законот. Секој кој го прекршил треба да одговара.“