Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Македонија

За десет дена успешно оперирани четири бебиња со срцеви маани во „Систина“

Двомесечно бебе е најмалиот пациент на детската кардиохирургија во „Систина“, каде веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двомесечно бебе е најмалиот пациент на детската кардиохирургија во „Систина“, каде веќе со пари од фондот се покриваат интервенции на операции кај деца до една година. Освен него, за две недели, тимот на единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава д-р Владимир Чадиковски, поддржан од турски експерти со дведецениско искуство, успешно оперираа уште три бебиња.

-Минатата недела направивме две големи операции на отворено срце, а оваа недела имавме уште две операции на отворено срце. Во екипата има десет лица кои даваат поддршка во Македонија – анестезиолог, хирург, сестра за интензивна нега, перфузионист. Една третина од пациентите кои доаѓаат од раѓање имаат проблеми со срцето. Кај овие пациенти првите три месеци од раѓањето ако не се изврши операција во тој случај 90 отсто од нив умираат. Најтешките операции кои се прават кај новороденчиња се оние со васкуларни проблеми, дупки во срцето, вели професор Д-р Тајар Сариоглу од „Аџибадем Систина“ од Истанбул.

Целта е, вели Д-р Сариоглу, кој е и основоположник на детската хирургија во Турција, а и го предводи тимот што му помага на Чадиковски, „Аџибадем Систина“ во Скопје, да стане и регионален центар.

Реклама

-Планираме во болницата „Аџибадем Систина“ да ги извршуваме и тешките операции што тука ги извршуваме. Нашата цел е таа болница да биде регионален центар. За почеток итните случаи и комлексните операции планираме да се извршуваат во Турција, а понатаму во Скопје, вели Д-р Тајар Сариоглу.

Само годинава, за операции на срце во странство ФЗО има упатено шест дечиња.

С.Т. Ставров