Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор. 

Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. 

За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација. 

Реклама

Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат во сабота на 18 октомври, еден ден пред денот определен за гласање на изборите. Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор. 

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека 112.000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората.