Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Уреднички коментар на ТВ Алфа

Јон Фрчкоски не приложи ниту еден конкретен доказ, ниту еден официјален документ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јон Фрчкоски не приложи ниту еден конкретен доказ, ниту еден официјален документ, ниту една институционална одлука што потврдува наводно незаконско работење на ТВ Алфа. Ја користи познатата техника на политичка инсинуација и спинување. Поврзува имиња, држави и настани без докажлива причинско-последична врска.

Сопственичката структура на Алфа телевизија е јасна, јавна и целосно транспарентна.

Според јавно достапните податоци, сопственик на телевизијата е „Алфа Скоп ДОО“, во која удел имаат ЦХС – Инвест груп, како и Европа АД Скопје и Макошпед АД Скопје. Овие информации се официјални, проверливи и достапни во надлежните регистри.

Реклама

Дополнително, факт е дека додека СДСМ беше на власт, ТВ Алфа речиси секој ден беше предмет на институционални проверки и инспекциски контроли. Сите завршија без утврдени неправилности. Ниту една институција не констатираше незаконско работење. Тоа е документиран факт.

Со ова ТВ Алфа ја затвора темата и нема повеќе да одговара на неоснованите напади и квалификации. Нема да дозволиме да нè вовлечете во вашата кал и да се занимаваме самите со себе.

И за крај, за кредибилитетот на господинот Јон Фрчкоски, доволно говори едно видео објавено на социјалните мрежи пред неколку месеци, во чија содржина нема да навлегуваме затоа што, и покрај сè, ние како медиум ќе го одржиме нивото на јавен говор.