Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Уреднички коментар на Алфа по најновите напади од СДСМ

Со жалење констатираме дека СДСМ повторно не одговори на суштинските прашања што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со жалење констатираме дека СДСМ повторно не одговори на суштинските прашања што ја засегаат јавноста. Наместо факти и аргументи, добивме низа квалификации, етикети и обиди за дискредитација, и на поединци, и на медиуми.

Тоа е веќе виден модел:
кога нема одговор на сериозно обвинение, се напаѓа медиумот; кога нема аргументи, се создава дефокус.

Ниту еден ред од соопштението на СДСМ не даде одговор на клучното прашање:
дали е точно или не тврдењето на д-р Жан Митрев дека постоел обид за политичко преземање на неговата болница.

Реклама

Јавноста не доби демант.
Не доби факти.
Не доби објаснување.

ТВ Алфа постапи согласно основните новинарски стандарди: пренесе јавно и сериозно тврдење и побара став од другата страна. Тоа не е пропаганда, туку професионализам.

Обидите ова прашање да се прикаже како „кампања“ се очигледно бегање од одговори и одговорност. Фокусот не е и не смее да биде медиумот, туку содржината на обвинувањето.

Наместо да се занимава со коментирање на приватни статуси на социјалните мрежи, со анализирање на граматика и синтакса, со квалификации за прекари и псевдоними, СДСМ имаше едноставна можност:
да каже дали обвинението е точно или не.

Таа можност свесно не беше искористена.

ТВ Алфа нема да учествува во дефокусирање, ниту ќе дозволи новинарството да се претвори во мета за политички пресметки. Особено не од оние кои, кога беа на власт, покажаа нетрпеливост кон критички медиуми, вршеа притисоци и се обидуваа да воспостават контрола.

Важно е да се потсети дека додека СДСМ беше на власт, ТВ Алфа беше предмет на бројни институционални проверки и инспекциски контроли. Сите тие постапки завршија без утврдени неправилности. Тоа е документиран факт и јасен показател дека обидите за дискредитација немаат основа.

Како и тогаш, така и денес, ТВ Алфа продолжува да работи професионално и независно, без да подлегнува под политички притисоци.

СДСМ и понатаму има можност да одговори јасно:
дали тврдењето е точно или не.

Сѐ друго е дефокус.
А дефокусот не е одговор.