Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Управата за заштита на културното наследство го враќа Скопско Кале во фокусот на заштитата

По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале – еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонија информираат од Управата.

Оттаму потенцираат дека со овој договор е предвидена целосна санација и адаптација на овие два објекта со што, како што нагласуваат, овој вреден простор ќе биде збогатен со дополнителни содржини кои ќе претставуваат сведоштво за континуитетот на животот во Скопје низ милениумите.

-Средствата за овој капитален проект се обезбедени од страна на Владата Македонија со ребалансот на Буџетот за 2025 година, а инвеститор е Управата за заштита на културно наследство орган во својство на правно лице во Министерство за култура. Работите се одвиваат во координација со стручните тимови на Управата за заштита на културното наследство . Работите ќе ги изведува економскиот оператор Нет инвест гроуп чија понуда за јавната набавка за услуги – одржување на објекти и сервисирање на опрема – Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, од страна на комисијата за јавни набавки, беше избрана како најповолна согласно Законот за јавни набавки, се вели во денешното соопштение од Управата за заштита на културното наследство. 

Реклама

Со завршување на постапка за јавната набавка и потпишување на договорот за јавната набавка за услуги – одржување на објекти и сервисирање на опрема – Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, според Управата, се започнува со активности на санирање на музејите и опремата со што конечно, после 7 години на одлагање ќе се овозможи ставање во функција на музеите.

-Со ова движното културно наследство пронајдено на Скопкото кале конечно ќе стане достапно за јавноста што е од витално значење за развој на туризмот, промоција и популаризана Скопската тврдина Кале, за кое постои огромен интерес од страна на научните работници, медиуми, како и од страна на домашните и странските посетители, велат од Управата.

Со ова, додаваат, продолжуваат активностите за ревитализација на Скопската тврдина Кале што е еден од приоритете на Владата на Македонија, Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство.