Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Уништени над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце,минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ-млеко, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.

Како што информира АХВ, небезбедните количини млеко, кои биле наменети за пласман во синџир-маркети во земјата, минатата недела под надзор на официјален ветеринар нештетно се уништени на депонијата „Дрисла“.

– Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ-млеко се земени во рамките на мониторинг-програмата, која инспекциските служби на АХВ на граничниот премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло, кои се увезуваат во земјата. На 17 јули годинава Агенцијата донесе и решение за воведување посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи што содржат згуснато млеко и млеко во прав, со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите – наведува АХВ.