Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

УНИЦЕФ: Новите измени на Законот за системот за процена на лицата со попреченост ја зајакнуваат имплементацијата на правата на децата

УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на измените и дополнувањата на Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на измените и дополнувањата на Законот за системот за процена на лицата со попреченост како значаен чекор кон обезбедување секое дете со попреченост да може да ги добие потребната поддршка и можностите за да го достигне својот целосен потенцијал, стои во соопштението.

Функционален и ефикасен систем за процена на попреченост е важен предуслов преку кој децата и младите остваруваат пристап до образовни, здравствени и социјални услуги приспособени на нивните развојни потреби, како и до парични надоместоци поврзани со попреченоста. Измените, изработени од Министерството за социјална политика, демографија и млади со техничка поддршка од УНИЦЕФ, обезбедуваат претстојниот универзален функционален систем за процена целосно да ги одразува специфичните потреби и развојните карактеристики на децата и младите.

Измените се надоврзуваат на силните резултати постигнати преку долгогодишната посветеност и инвестициите на Владата, поддржани од УНИЦЕФ и други партнери. Со зачувување на институционалните структури и стручната експертиза за процена на децата новиот закон обезбедува овие вредни капацитети и во иднина ефикасно да одговараат на потребите на децата.

Реклама

Клучни унапредувања во зајакнувањето на правата на децата вклучуваат:

• Целосно усогласување со глобалните стандарди: процената на попреченост кај децата и младите ќе биде усогласена со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (ICF) и Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (CRPD). Новата методологија ќе применува мултидисциплинарен пристап што ги вклучува секторите образование, здравство и социјална заштита и ќе ја поддржува холистичката вклученост на децата во општеството;

• Фокус на детето и бесплатен пристап за семејствата: ревидираниот закон ги задржува специјализираните структури за процена и стручните тимови за деца и млади и гарантира дека процените на попреченост за нив остануваат бесплатни за семејствата, со трошоци покриени од Фондот за здравствено осигурување.

• Континуитет преку зајакнати системи за податоци: со задржување на националниот електронски регистар на проценети деца и млади системот овозможува следење на испораката на услугите и на исходите за децата и обезбедува цврсти податоци за планирање и буџетирање на услугите засновани на докази;

• Смислено вклучување на родителите: ревидираниот закон обезбедува родителите и понатаму активно да учествуваат во процесот на процена признавајќи ги нивните уникатни сознанија за функционирањето и потребите на детето и овозможувајќи им подобро да го поддржат развојот на своето дете;

• Гарантирана пристапност и недискриминација: измените воведуваат соодветни приспособувања, како толкување на знаковен јазик и пристапни материјали, без дополнителни трошоци, во согласност со меѓународните обврски за пристапност и недискриминација.

УНИЦЕФ ѝ честита на земјата за континуираната посветеност кон правата и инклузијата на децата и младите со попреченост. УНИЦЕФ ќе продолжи да ги поддржува националниот систем и усогласувањето на методологијата со специфичните потреби на децата за секое дете да може да пристапи до потребната поддршка и до услугите и да има можности да го достигне својот потенцијал.