Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Унгарија со хуманитарна помош за Македонија- Сијарто донесе 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

100.000 маски и 5.000 заштитни одела од Унгарија пристигнаа во авионот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

100.000 маски и 5.000 заштитни одела од Унгарија пристигнаа во авионот со конкретна хуманитарна помош за Македонија, со цел што поуспешна борба против коронавирусот. Оваа помош доаѓа во рамки на работната посета на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој е првиот функционер од земја членка на Европската унија, кој доаѓа во посета на нашата земја откако започна корона кризата. Сијарто се надева дека оваа донација од Унгарија ќе и помогне на Македонија во борбата со Ковид 19.

-Донесов и мала донација во вид на 100.000 маски и 5.000 заштитни одела, во интерес да и помогнеме на Македонија во борбата со оваа светска криза. Ние Унгарците водиме одговорна политика, во рамки на тоа пруживме помош до Хрватска, Словенија, а еве сега тоа го правиме и со Македонија, изјави Сијарто.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров изрази благодарност до својот унгарски колега, за помошта која што пристигна во Македонија.

Реклама

-Заедно да го надминеме овој заеднички предизвик и кризата со која се соочува и нашиот континент Европа, но и пошироко. Со таа цел е и денешната посета и помошта што пристигна заедно со министерот Сијарто од Унгарија, за која што сме благодарни, изјави Димитров.

Димитров не се појави на скопскиот аеродром да го пречека својот колега, а таму беа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Чулев оствари и билатерална средба со Сијарто, а благодарност за помошта упати на социјалните мрежи.

-Состојбата поврзана со пандемијата од Covid19 бара сплотеност, поддршка и разменување на искуства со нашите пријатели од целиот свет. Со цел операционализација на оваа помош, но и разменување на ставовите и гледиштата поврзани со соодветна превенција денес му посакав добредојде на Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, напиша Чулев на Фејсбук.

Унгарија е втората земја која праќа хуманитарна помош кон Македонија во борбата со справување со кризата која ја донесе коронавирусот, претходно тоа го направи и Словенија.

Матеја Петровски