Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата светска младинска организација – учествуваат над 45 млади лидери од 25 земји

Над 45 млади лидери од 25 земји се собраа во Скопје за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 45 млади лидери од 25 земји се собраа во Скопје за да разменат идеи и политички визии.На форумот за слобода –значаен  меѓународен политички настан кој го организираше Унијата на Млади сили од ВМРО-ДПМЕ се разменија бројни идеи и  предлози за подобра иднина на младите. Панел-дискусии за изборни кампањи, дигитална комуникација со гласачите, политики за млади и модели за вклучување на младите во процесите на одлучување.

„Тука е и претставникот на подмладокот на ЕНП. ЕНП е најголемо политичко семејство во Европа. Се обидуваме и со нив да градиме добри односи, добри политички односи. ВМРО-ДПМНЕ е член. Така што низ еден дијалог ќе може Унијата на млади сили да презентира што правевме во изминатиот период и кои се нашите визии и планови за иднината. Посветуваме големо внимание, дали е тоа во делот реформи во образованието, дали е тоа во делот на поддршка на студентите, вработувања на младите лица, обучување и прифаќање на предизвикот на новите технологии коишто доаѓаат. “– изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека овој настан има огромно значење за младите политичари како и голема прилика за разменување искуства.

Реклама

„ Ова претставува огромна прилика за нас како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како да разменуваме искуства што ќе можеме да ги примениме овде во Република Македонија, но, исто така и да градиме контакти за во иднината, бидејќи секој еден од овие млади лидери кои се овде присутни, еден ден ќе ги наследи своите сениорски структури во земјата од која доаѓа, исто и како Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ овде во Република Македонија “– изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Интернационалната младинска демократска унија ги обединува младинските подмладоци на партии со слични идеологии, претежно од центар десниот спектар.