Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

УМПАКИ на кралски прием во Лондон: Потврда за важноста на македонските креативни индустрии

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје, присуствуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје, присуствуваше на свечениот кралски прием во палатата „Сент Џејмс“ во Лондон, во организација на Неговото Височество, Кралот Чарлс III како дел од официјалната македонска делегација составена од истакнати креативци и професионалци. Приемот се одржа во рамки на Самитот за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес, се вели во соопштението од УМПАКИ Скопје.

Настанот претставуваше ретка можност за дијалог и размена на искуства и ја потврди посветеноста на британското кралско семејство и Британската влада за културната дипломатија и меѓународната соработка.

– Голема чест е што бевме дел од овој престижен прием и што лично се сретнавме со Неговото Височество, кралот Чарлс III. Топлиот пречек и искрениот интерес за нашата работа оставија силен впечаток. Искрено сме благодарни за оваа уникатна можност и за поддршката и признанието што им се укажуваат на креативните професионалци од нашата земја – вели Кирил Ѓозев, претседател на УМПАКИ. 

Реклама

Присуството на УМПАКИ го истакна растечкото значење на креативните индустрии како двигател на иновациите, вработувањето и одржливиот економски раст. Овој сектор не само што придонесува за вработување, иновации и одржлив раст, туку и ги зајакнува културните врски и ја поттикнува регионалната соработка. 

Преку своите проекти, партнерства и застапување, УМПАКИ продолжува да гради врски меѓу креативните професионалци во регионот, промовирајќи соработка и поголема видливост на македонската креативна заедница на европско ниво.

– Посетата беше потсетник дека креативноста е искра што ги поврзува луѓето на уникатен начин. Со таа искра се враќаме дома. Се враќаме мотивирани да градиме посилни мостови меѓу уметноста, технологијата и образованието, да поврзуваме луѓе, градови и идеи, и да поттикнеме проекти што ќе ја раскажат приказната за извонредниот талент и визијата на нашиот регион – изјави Елена Бојаџиева-Цветковска, креативен директор на УМПАКИ.