Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Свет

Украина со најголем воздушен напад врз Русија

Русија синоќа беше под напад со 337 украински беспилотни летала, а московскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Русија синоќа беше под напад со 337 украински беспилотни летала, а московскиот регион, каде што загина едно лице, беше една од целите на најголемиот напад на руска територија од почетокот на руската офанзива во Украина, во февруари 2022 година, објави Си-Ен-Ен.

Аналитичарите во потегот гледаат обид на Зеленски и атавизмите од поранешната администрација на Бајден која и го постави на таа позиција да ги минираат преговорите за мир во време кога САД и Трамп бараат брзо решение за мир? Со овој потег, се очекува Русија да возврати со огромна сила, аргумент што Киев ќе го искористи во своја полза, а светот да заборави што го предизвикало рускиот одговор. Евтиниот трик нема да успее, велат познавачите.

Нападот се случи неколку часа пред почетокот на преговорите во Саудиска Арабија меѓу украинските и американските претставници за барање решение за конфликтите во Украина, во време кога администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се залага за нивно брзо завршување.

Реклама

„Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 337 украински беспилотни летала, од кои 91 беа во регионот на Москва“ и 126 во областа Курск, која граничи со Украина“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Цел на нападот биле и регионите Брјанск и Белгород кои се граничат со Русија, како и Рјазан, Калуга, Воронеж и Нижни Новгород.

„Најголемиот напад со непријателски дронови врз Москва е одбиен“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин преку Телеграм, прецизирајќи дека беспилотните летала ги погодиле селото Сапроново и градот Рамескоје, во пошироките предградија на Москва.

Тој рече дека спасувачките екипи биле на местото на нападот каде што паднале остатоци.

Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, објави дека едно лице загинало, а 3 лица се повредени во нападот, на 2 локации лоцирани во пошироките предградија на руската престолнина.

„Починатиот бил вработен во дистрибутивниот центар на агроиндустриската компанија Мираторг, чиишто неколку објекти биле оштетени во нападот“, се вели во соопштението на компанијата на својата веб-страница.