Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Украина најави нова рунда преговори со Русија на 23 јули во Турција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека следната рунда директни преговори со Русија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека следната рунда директни преговори со Русија ќе се одржи во среда, на 23 јули, во Турција.

Во своето видео-обраќање до нацијата, Зеленски рече дека разговарал со шефот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров, кој го потврдил закажувањето на состанокот. Зеленски порача дека е неопходно да се направи сѐ за постигнување прекин на огнот и дека Русија треба да престане да се крие од процесот на донесување одлуки.

Претходната рунда разговори се одржа во Истанбул на 2 јуни, а претходно на 16 мај. Кремљ сè уште не го потврдил датумот или локацијата и посочува дека двете страни имаат дијаметрално спротивставени ставови за решавање на конфликтот.