Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

УЈП ја прошири базата на знаење во делот на прашања и одговори поврзани со даночните обврски

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата на институцијата е објавен нов дел со проширена база на знаење – прашања и одговори поврзани со даночните обврски.

Целта на оваа алатка, како што информираат од УЈП, е да овозможи едноставен и брз пристап до точни информации за примената на даночните прописи, лесно достапни до секој обврзник – фирма или граѓанин.

-Објавени се вкупно 260 прашања, поделени во три категории, согласно видот на данокот: Данок на додадена вредност (ДДВ); Данок на личен доход (ДЛД) и Данок на добивка (ДД). Оваа структура е осмислена за полесен и поефикасен пристап до информациите, за секој даночен обврзник да може брзо да го пронајде потребниот одговор од УЈП за конкретни ситуации. Оваа база континуирано ќе се надградува, со цел постојано да обезбедува точни и релевантни информации, усогласени со најновите законски измени и со практичните примери од секојдневното работење, информираат од УЈП.

Реклама

На овој начин, УЈП ги поддржува даночните обврзници да ги исполнуваат своите обврски навремено и точно, со што се намалува неизвесноста, ризикот од грешки и административниот товар.

Активноста е реализирана согласно Стратешкиот план на УЈП 2025–2027, кој во рамки на столбот „Даночни обврзници“ предвидува поодобрување на комуникацијата и транспарентноста со јавноста, јакнење на доброволната даночна усогласеност преку достапни и разбирливи информации, дигитализација на услугите и олеснување на пристапот до податоци преку електронски алатки, поддршка на деловната заедница и граѓаните во правилната примена на даночните прописи, зголемување на довербата преку навремена и точна комуникација.

-Навремено и точно информирање е клучен фактор и за приходната страна на системот. Кога граѓаните и фирмите располагаат со точни податоци и јасни насоки, се зголемува степенот на доброволна усогласеност, се подобрува стабилноста и предвидливоста на јавните приходи, се намалуваат административните интервенции и потребата од корекции, а институцијата гради високо ниво на доверба и партнерство со јавноста, се вели во соопштението од УЈП.

Со воспоставувањето на оваа алатка, УЈП потврдува дека информираниот даночен обврзник е најдобар партнер на државата, а точната и достапна информација е основа на ефикасен, транспарентен и модерен даночен систем.