Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Угостителите за една година ги зголемиле цените за 3,4% – најголемо поскапување кај алкохолните пијалаци

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4%, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3%, а на алкохолните пијалаци за 0,2%. Цената на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.

На годишна основа (јануари 2026 – јануари 2025 година), цените на угостителските услуги најмногу поскапеле кај алкохолните пијалаци, за 9,1%, потоа кај храната пораснале за 7,8%, и кај безалкохолните пијалаци за 5,3%.

Реклама

За една година, угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%. Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8%.