Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Учество на министерот Муцунски на Делфи економскиот форум во Грција

Проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во своето обраќање на Делфи економскиот форум што се одржува во Грција. Тој порача дека е неопходно да се обезбеди јасен и опиплив пат напред за регионот, кој ќе го врати кредибилитетот и ќе ги исполни очекувањата од процесот на европска интеграција.

Во своето обраќање на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка“, Муцунски зборуваше за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото партнерство во рамките на НАТО, како и на соработката со САД и трансатлантската поврзаност.

Тој ја истакнал важноста на регионалната поддршка, која особено вели се манифестираше по трагедијата во Кочани. Шефот на македонската дипломатија пред присутните уште еднаш упатил искрена благодарност до Грција за покажаната солидарност и медицинска помош.

Реклама

Во однос на улогата на САД, Муцунски ја подвлекол нивната клучна улога како инвеститор – не само во политичката и безбедносната, туку и во економската стабилност на регионот – истакнувајќи дека САД се меѓу највидливите и најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Европската Унија.