Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Учениците заинтересирани за упис во Математичко-информатичката гимназија треба да се пријават за приемен испит

Министерството за образование и наука објави  повик за полагање приемен испит на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објави  повик за полагање приемен испит на учениците што се заинтересирани за запишување во Математичко-информатичката гимназија во учебната 2026/2027 година. 

Приемниот испит се состои од полагање тестови во согласност со наставните програми по математика од VI до IX одделение и наставните програми по физика за VIII и IX одделение.

-Кандидатот писмено се проверува со два поединечни теста по математика и по физика и секој од нив треба да содржи по четири задачи со понудени одговори, четири задачи со дополнување и четири задачи со целосна постапка на решавање. Писменото проверување за секој предмет (математика и физика) треба да трае по 120 минути, се наведува во јавнот повик. 

Реклама

Приемниот испит учениците ќе го полагаат во средното училиште  „Здравко Цветковски“- на 5 јуни 2026 од 10 часот е полагањето на тестот по математика и на 10 јуни 2026 од 10 часот е испитот по физика. 

Според Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година, кој МОН го објави во вторникот, за Математичко-информатичката гимназија се предвидени места за 68 ученици во две паралелки (34 ученици во паралелка со настава на македонски јазик и 34 ученици во паралелка со настава на албански јазик). 

-Во Математичко-информатичката гимназија се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, стекнале оценка за општ успех од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение и оценка 5 за наставните предмети математика од шесто до деветто одделение и физика од осмо и деветто одделение и кои ќе достават потврда со бројот на освоени бодови од приемниот испит, наведува МОН.

Во објавениот  повик е наведено и на кој начин учениците треба да се пријават за полагање на приемниот испит, кој е услов потоа, во јунскиот уписен рок, да конкурираат за запишување во Математичко-информатичката гимназија. До 30 мај 2026 трае пријавувањето на кандидатите за полагање приемен испит.