Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Ученичките од „Ѓорѓи Димитров“ наградени за документарецот за македонскиот рубин на средба со министерката Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со ученичките од трета година од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои со својот труд и креативност постигнаа значаен успех на национално ниво.

Станува збор за Марија Ташевска, Јасемин Демировска и Ангела Ристовска, заедно со нивната професорка Марина Иванова, кои во рамките на предметот Говорење и пишување изработиле документарен филм посветен на македонскиот рубин – тема што отвора важни прашања за природните и минералните богатства на нашата земја, информираа утрово од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Нивниот филм беше претставен на државниот фестивал за непрофесионален филм, во организација на Народната техника, каде што во конкуренција на 40-ина филма освоија сребрена награда.

Реклама

Министерката Божиновска ја поздрави нивната иницијатива истакнувајќи дека ваквите примери го покажуваат потенцијалот на младите да ги истражуваат и афирмираат вредностите на сопствената земја. Таа нагласи дека македонскиот рубин претставува дел од националниот идентитет и значајно природно богатство.

– Особено ме радува што младите избираат да зборуваат за теми што се директно поврзани со нашите природни ресурси и богатства. Македонскиот рубин не е само минерал – тој е дел од нашиот идентитет и вистинско богатство. Ваквите иницијативи треба да се поттикнуваат и поддржуваат бидејќи знаењето и свесноста почнуваат токму од младите генерации – истакна Божиновска.

На средбата била нагласена потребата од поголема едукација и вклученост на младите во теми поврзани со енергетиката, рударството и одржливото користење на природните ресурси, како и важноста од нивно активно учество во градењето идни политики.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потенцира дека останува отворено за поддршка на вакви иницијативи, кои не само што ја промовираат креативноста туку и ја јакнат свеста за вредностите што ги поседува нашата земја.