Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Убиства, самоубиства, семејно насилство, дури и сериски убијци – на што се должи порастот на трагедиите?

Харизма, претерана контрола, шамар, ќотек, па извинувања по сто пати. Повторно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Харизма, претерана контрола, шамар, ќотек, па извинувања по сто пати. Повторно и повторно. Насилството не е еднократен инцидент, туку однесување што се создава долг период. Желбата за контрола и доминација врз жртвата е клучна – едногласни се психолозите. Домаќини надвор, а тепачи дома. Насилниците според нив носат една социјална маска во околината, а во рамки на семејството се опуштаат и го покажуваат вистинското лице. Во Македонија голема улога има и традиционалниот менталитет на сваќање, во кој мажот е глава на семејството и ги донесува сите одлуки. Модерните времиња носат нов распоред на родовите улоги, па има луѓе кои не можат да ја прифатат промената, велат стручњаците. Најчесто насилниците имаат траума од авторитети дома, чие однесување го копираат.

„Кога нема средина кога нема кој да ги контролира и да ги осудува, се троши агресијата. Тоа е поврзано и на индивидуално ниво, насилникот е една неструктуирана, неадекватно структуирана личност, која има страв. Може да е предизвикано и од некоја траума од детството, што е многу често. Најчесто тоа е поврзано со страв од напуштање“ – вели Стојан Бајрактаров- психијатар од Психијатриска Болница „Скопје“.

Сериозни промени во однесување се можни. Ццентрите за социјална работа, полиција, обвинителство и судови треба координирано да работат за да се намали насилството како појава.. Траумите на децата треба да се детектираат и во текот на образовниот процес. Сите инциденти да се документираат и процесуираат. Од организацијата Хера, чии психолози работат и со жртвите и со насилниците, велат дека насилниците треба да научат како да се справат со стресот и агресивноста и како правилно да бараат решение за проблемите, без да повредат други луѓе.

Реклама

Бројот на пријави за семејно и друго насилство во последниве месеци расте под зголемениот притисок на јавноста. Гонењето на насилниците по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава треба да направи драстична промена. И покрај тоа, за три месеци во земјава имаше 7 починати поради семејно насилство или една жртва на помалку од 15 дена.