Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација

 Управата за јавни приходи (УЈП) и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација. Како што информира УЈП, пректот се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).  Состанокот се одржа вчера, а беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Управата за јавни приходи (УЈП) и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација. Како што информира УЈП, пректот се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). 

Состанокот се одржа вчера, а беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за мониторинг, евалуација и учење. Членовите на Управниот одбор се усогласија и за динамиката на следните активности и приоритетите во претстојниот период.

-Проектот претставува значајна поддршка за спроведување на стратешките реформи на УЈП и е директно поврзан со реализацијата на стратешките иницијативи „Премин во дигиталниот свет“ и „Силна администрација – здрава кондиција“. Преку трите компоненти – модернизација на деловните процеси и дигитализација, внатрешно управување и човечки ресурси, како и комуникација и управување со промени, проектот ќе придонесе за понатамошно јакнење на институционалните капацитети и трансформација на даночната администрација, наведува УЈП.

Реклама

Според Управата, особена вредност на ова партнерство е можноста за размена на искуства со шведската даночна администрација, која претставува еден од најуспешните европски примери за институционална трансформација и градење високо ниво на доверба кај граѓаните и деловната заедница.

-Овој пристап е целосно усогласен со визијата на УЈП за создавање современа, професионална и услужно ориентирана даночна администрација нов лик на УЈП. На состанокот беше изразена благодарност до сите партнери и чинители вклучени во проектот, како и до Владата на Шведска за континуираната поддршка што ја обезбедува за реформските процеси во државата. Проектот претставува конкретен придонес кон европската интеграција на земјата преку зајакнување на оперативните капацитети на УЈП и исполнување на обврските во рамки на Поглавје 16 – „Оданочување“, наведува УЈП.