Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот за е-фактура преку веб-апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури – информира денеска УЈП.  Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот за е-фактура преку веб-апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури – информира денеска УЈП. 

Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура.

Во втората фаза се додадени API-сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање е-фактура и се овозможи тестирање повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API-повиците и JSON-форматот поради што компаниите повторно ги приспособија своите системи во согласност со новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk

Реклама

– Во третата фаза се преминува на веб-апликација преку која секоја компанија – мала, средна или голема – може едноставно да тестира креирање документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб-апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест-околина за сите деловни субјекти независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-фактура – соопшти УЈП.

Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано Управата за јавни приходи воспостави соработка со речиси 200 компании – избрани тестирачи, кои во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа ќе се тестираат избрани тест-сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи информира дека континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис-заедницата и други здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои се презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-фактура.

Во соработка со стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони во државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот за е-фактура.

– Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-фактури – најавува УЈП и ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.

И оние компании што немаат назначено даночен агент, УЈП ги охрабрува да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.

Корисни информации за тестирањето: потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk; регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg; тес- платформа за е-фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk; контакт за поддршка: [email protected].