Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Турнас: Активни 11 пожари во Грција – државниот механизам е на границата на своите можности

Денешниот ден започна со 11 активни пожари, со кои од вчера се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешниот ден започна со 11 активни пожари, со кои од вчера се борат силите на противпожарната служба, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас, посочувајќи дека „големиот број пожари, во комбинација со екстремните временски услови, го доведоа механизмот на границата на своите можности“.

-Многу силните, дури и бурни ветрови и понатаму создаваат исклучително тешки услови со резултат во многу случаи воздушните средства или да не можат да полнат вода, или да не можат да исфрлаат вода поради екстремните турбуленции, и покрај континуираните напори на екипажите, посочи Турнас.

Паралелно упати апел до сите граѓани да избегнуваат какви било дејствија што можат да предизвикаат пожар, но и да ги следат упатствата и на надлежните и во пораките што се испраќаат преку системот 112.

Реклама

Најголемиот пожар, што сè уште е вон контрола е во централна Грција е во областа Виотија во близина на приморското место Порто Гермено, избувна вчера наутро, а поради силниот ветер брзо се прошири и продолжува да се шири.

Во конкретната област активни се неколку жаришта, гори шума во близина на населени места, а веќе се регистрирани штети и целосно изгорени куќи.

Пораки од бројот 112 за евакуација беа испратени до жителите и оние кои се наоѓаат во низа населени места во близина на пожарот, како во текот на ноќта, така и во текот на денешниот ден.

Од грчката полиција информираа дека поради пожарот во Порто Гермено, досега превентивно биле евакуирани над 1.150 граѓани од пет населени места, како и 150 возила со 500 патници, но и биле спасени осум лица кои биле заглавени, а итна помош им била укажана на 17 лица.

Во текот на вчерашниот ден по морски пат беа евакуирани 254 лица.

Противпожарните сили дополнително беа зајакнати и интервенираат 420 пожарникари (утрово беа 325), со 20 пешадиски тима и 120 возила, волонтери и цистерни од општината.

За гаснење од воздух на располагање се 18 авиони и 11 хеликоптери, но нивната интервенција зависи временските услови, односно од јачината на ветрот, а пилотите вложуваат напори за полнење вода од морето за да помогнат во гаснењето.