Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Туристичките водичи ја делат судбината на македонскиот туризам

Туристичките водичи во Македонија извисија,во државната каса или нема доволно пари за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туристичките водичи во Македонија извисија,во државната каса или нема доволно пари за оваа категорија туристички работници или пак беа потполно заборавени.

-‘’Звучи нестварно и поразително, но факт е дека минална парична помош добија помалку од 15 % од водичите.Не би сакал да шпекулирам кој се’ доби сретства, но селективноста ги наруши односите и внесе раздор помеѓу водичите.Не може државата за некого да биде мајка, а за некого макеа.Помош требаше да добијат подеднакво сите водичи-вели претседателот на здружение на туристички водичи “Кеј”.

Значи имаше и такви колеги кои што приватно си плаќаа пензиско,инвалидски и здравствено и извисија, не беа опфатени со законот за помош на туристичките работници.Преку илјада туристички водичи постојат во Македонија,за да им биде помогнато на само 150 мислам дека и не е фер- вели Климент Наумов-здружение на туристички водичи “Кеј”.

Реклама

Доведени во безизлез, голем број од туристичките водичи иако тоа им беше единствена дејност од која опстануваа, водичите за да донесат леб дома и да ги преживеат овие тешки времиња,работат се и сешто:од таксисти до дограмаџии и земјоделци.Оние кои не се снајдоа, тргнаа по белиот свет-вели Наумов.

Во меѓувреме ситуацијата налагаше секој да се снаоѓа,многу се вработија во некои диспечерски служби,некои почнаа да работат земјоделство,некои ја напуштија и државата. Во секој случај не ни е сјајна иднината – вели Климент Наумов-здружение на туристички водичи “Кеј”.

Кај Наумов нема оптимизам дека ќе дојде до придвижување во туризмот најмалку уште две години,оти како што вели сулудо е да се патува во време кога пандемијата коси.На домашните гости не можеме да се потпреме оти ним нити им треба водич, нити пак можеме да зборуваме дека ќе имаме или имавме некаква сезона летово оти тоа беше вештачки генериран краткотраен наплив со ваучерите за туризам.Владата  мора посериозно да се зафати со егзистенцијалното прашање на туристичките водичи оти тоа е значајна дејност од која зависи промоцијата на Македонија,нејзината историја, јазик, култура и традиција-завршува Наумов.

Росица Голабоска