Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Трошановски: Опозицијата е отсутна целосно

Во моментот кога македонската влада се соочува со ограничен маневарски простор во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментот кога македонската влада се соочува со ограничен маневарски простор во однос на преговарачката рамка со Европската Унија, претседателот на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Марко Трошановски во интервју за Радио Слободна Европа, предупредува дека промената на самата рамка е речиси невозможна – но затоа е клучно, вели тој, да се промени сценариото на нејзината имплементација.

Во однос на политичката култура во земјава, вели дека иако има напредок во тонот на дебатата по трагедиите кои ги сплотија партиите, сепак, се уште се чувствува етничка поделеност и недостаток на конструктивна дебата, особено од страна на опозицијата.

-Опозицијата е отсутна целосно, мислам дека многу повеќе треба да е насочена кон предлози кои даваат и се конструктивна критика на политиките. Мислам дека нивниот комуникациски центар многу поактивно да разработува она што се нарекува Влада во сенка, за секој ресор на ВМРО, опизицијата да има конкретен човек кој што би бил лице на опозициската алтернатива понуда на политиките од тој домен и ресор, рече Трошановски.

Реклама

На прашањето за комуникацијата на актуелната власт со граѓаните, Трошановски вели дека ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, вложува многу во политичка комуникација и го прави тоа конзистентно, но засега без злоупотреба на медиумите како во минатото.