Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Tрката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја продолжуваат 22 романа

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс.

Првата селекција ја минаа: 

1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“

Реклама

2. „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“

3. „Околу три по полноќ“, Димитрие Дурацовски, „Арс Либрис“

4. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“

5. „Ќе помине и моќта“, Ирена Јурчева, „Паблишер“

6. „Договорот“, Јордан Коцевски, „Антолог“

7. „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“

8. „73 дена“, Иво Митев – Жиле, „Арс Либрис“

9. „Кругот дупка“, Никола Наумовски, „ПНВ публикации“

10. „Касадеј“, Велко Неделковски, „Матица македонска“

11. „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“: (на почетокот беше… информацијата)“, Валентин Нешовски, „Антолог“

12. „Промилите на Конзулвил: (миксан роман)“, Јордан Николов, „Паблишер“

13. „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“

14. „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“

15. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“

16. „Потклек“, Љупчо Петрески, „Бегемот“

17. „Арагон“, Михајло Свидерски, „Антолог“

18. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“

19. „ Неколку тишини подоцна“, Ана Стојаноска, „Конгресен сервисен центар – Полица“

20. „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис

21. „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“

22. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Како што е предвидено, жири-комисијата ќе го соопшти насловот на наградениот роман и името на авторот на прес-конференција што ќе се одржи на 13 март во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.