Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Триумфот на ВМРО ДПМНЕ се должи на хируршки прецизна кампања со која јасните пораки стигнаа до граѓаните

Триумфалната победа на ВМРО ДПМНЕ и освоените 55 градоначалнички места, според аналитичарите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триумфалната победа на ВМРО ДПМНЕ и освоените 55 градоначалнички места, според аналитичарите, не се случајност. Меѓудругото, тоа е резултат и на една фокусирана, систематска и хипер-прецизна кампања, која ВМРО ДПМНЕ ја водеше со целосна посветеност. За време на интензивната 20-дневна кампања, ВМРО-ДПМНЕ успеа да обезбеди дополнителен раст од 3 проценти на рејтингот, што ја покажува ефикасноста на стратегијата и способноста да се постигнат конкретни резултати во краток период. Дел од аналитичарите забележале дека уште од првиот ден, секој потег е внимателно планиран, говорите и активностите на терен биле насочена кон граѓаните и нивните реални потреби.

Она што исто така остава впечаток за Героски е тоа што партијата не дозволила опозицијата да ја вовлече во негативни сценарија или конфликти, туку остана цврсто концентрирана на својата порака. Се бореа за секое место до крај, како на пример, брвеница, кичево, карпош, но и други општини.

Токму затоа, ВМРО ДПМНЕ на СДСМ успеа да им ги земе Крушево, Валандово, Дојран, Струмица, Делчево, Берово. И покрај сите игри, ВМРО ДПМНЕ победи и Карпош.

Реклама

Тојму поради тоа, Героски оценува дека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе владее подолг период од редовниот мандат којшто е во истекување. Тој посочува дека изборната победа во 55 општини е исто така и резултат на принципиелните вредности што партијата ги постави пред својот партнер ВРЕДИ, кој го прифати предизвикот. Победите во Кичево и Брвеница се доказ за тоа.

Вкупниот резултат е потврда дека со добро осмислена кампања и континуирана работа на терен, можно е да се постигнат конкретни и мерливи резултати, заклучува колумнистот.