Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Трипуновски: Се уште не е утврдена производната цена на оризот, за 2025-та ќе се предвидат средства за откуп

Со традиционално рачно зажнејување со срп и вршење на гумно , официјално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционално рачно зажнејување со срп и вршење на гумно , официјално започна годинашнава жетва на ориз во Кочанско.

Годинава се очекува богат и квалитетен род. Државата ќе работи во корист на земјоделците, штитејќи го домашното производство, рече министерот за земјоделство, посочувајќи дека е отпочната постапката за оризот  се откупува за потребите на државата.

     „Со заклучок на Влада, Агенцијата за стоковни резерви, е задолжена да ги измени сите правилници и уредби и нормално да се предвидат средства за 2025 кадешто оризот согласно Законот за стоковни резерви, ќе се откупува за потребите на државата„ изјави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Реклама

Во моментот оризот не се откупува, а откупувачите нудат симболични 30денари за килограм оризова арпа, се пожалија  производителите.

    „ Во оваа сезона да имаме ваква цена и на оваа инфлација , мислам дека е жалосно за самите земјоделци. Минималната откупна цена рачунаме да биде од 45 до 50денари, за да може да остане и нешто за ориопроизводителите „ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.

Во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз„ со која традиционално започнува секоја жетва, во село Оризари, беа поставени и триесетина штандови на кои домаќинки од Кочанско, Бугарија, Црна Гора и Хрватска, презентираа специјалитети направени од ориз.

    „Традиционалната храна кај нас е специјалитети направени од ориз. Овде имаме лапа, сутлијаш, пилав, полнети пиперки, сарми и многу други специјалитети. Во Оризари два пати неделно се јаде ориз, а можно е и повеќе пати, изјави елена Стаменкова од село Оризари. „

Годинава  во Кочанско, под ориз се посеани околу 3700 хектари. 

Александра Ристевска