Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Трипуновски: Преку програмите за локални манифестации и развој на инфраструктурата, заедно со општините работиме на развој на руралниот туризам

Нашето министерство преку програмите коишто ги реализира, директно влијае врз егзистенцијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашето министерство преку програмите коишто ги реализира, директно влијае врз егзистенцијата на земјоделците и жителите во руралните општини. Знаете дека преку програмата за директни плаќања, односно субвенциите влијаеме и им помагаме на македонските земјоделци. Додека преку програмата за рурален развој, која е една посебна програма преку која се помага во делот на инвестиции во земјоделството, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешниот настан за отчет на градоначалниците за сработено во мандатот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминатите 12 месеци, преку програмата за рурален развој, објавивме неколку повици којшто ќе значат стимулација за луѓе, за жените коишто живеат во руралните средини, преку стимулација со финансиски грантови. Тие неколку повици беа во делот за набавка на механизација, приклучна механизација, набавка, односно изработка на оние мали семејни бизниси за преработки на земјоделски производи преку грантови кои ги дава министерството“, рече Трупуновски.

Трипуновски, посочи дека една од најважните објави беше мерката за Млад земјоделец, односно стимулирање на младите да влезат во земјоделскиот процес и на веќе постоечките да го обноват нивното производство и да го зголемат капацитетот.

Реклама

„Тука неминовно, треба да ги спомнеме ИПАРД средствата кои ни стојат на располагање од Европската Унија, затоа што преку овие инвестиции во руралните средини, една од најбитните инвестиции е во делот на руралниот туризам. Преку руралниот туризам се развива самата општина, се подигнува нивото на економската стабилност и паралелно со програмите кои се објавуваат од министерството за локални манифестации, сакаме да го заживееме локалниот туризам, локалниот економски развој, се со цел, заедно да се помагаме со локалните самоуправи. Ако локалната самоуправа се грижи за инфраструктурата, за квалитетот на животот на своите сограѓани, ние како министерство и како Влада влијаеме директно во поткревањето на личниот стандард на самите земјоделци, се со цел да имаат достоинствен живот“, истакна Трипуновски.